Справувајќи се со едно, од сè уште неодговорените прашања во биологијата, „како настанал животот на нашата планета од едноставна нежива материја“, тим предводен од истражувачи од американскиот универзитет „Ратгерс“, ја откри структурата на протеините кои би можеле да бидат одговорни за животот во оригиналната супа на древната Земја. Студијата финансирана од Американската вселенска агенција (НАСА) е објавена во списанието „Сајанс Адвенсес“.

Истражувачите биле заинтересирани за тоа како примитивниот живот на нашата планета би можел да потекнува  од едноставна, нежива материја. Тие се запрашале кои својства го дефинираат животот каков што го знаеме и заклучија дека на сè живо ќе му треба способност да собира и користи енергија, од извори како што се сонцето или хидротермалните отвори.

Во молекуларна смисла, тоа би значело дека способноста за мешање на електрони била клучна за појавата на животот. Бидејќи најдобрите елементи за пренос на електрони се металите, а бидејќи повеќето биолошки активности ги вршат протеините, истражувачите одлучиле да ја истражат комбинацијата на овие две материи – односно протеините што ги врзуваат металите.

Тие ги споредиле сите постоечки протеински структури кои се врзуваат за метал за да утврдат какви било заеднички карактеристики, претпоставувајќи дека овие заеднички карактеристики се присутни во протеините на предците и се разновидни и се пренесуваат за да се создаде опсегот на протеини што ги гледаме денес.

Еволуцијата на протеинските структури вклучува разбирање како новите форми потекнуваат од веќе постоечките, па истражувачите развија компјутерска програма која откри дека огромното мнозинство на моментално постоечките протеини кои се врзуваат за метал се нешто слични, без оглед на видот на металот со кој се врзуваат, потекнуваат или од функцијата доделена на протеинот како целина.

– Видовме дека јадрата на постојните протеини кои се врзуваат за метал се навистина слични, иако самите протеини можеби не се – вели водечката авторка на студијата, Јана Бромберг, професорка на Катедрата за биохемија и микробиологија на Универзитетот „Ратгерс“.

– Исто така, видовме дека овие јадра што се поврзуваат со метал често се составени од повторени подструктури, налик на коцките „Лего“. Интересно, овие блокови беа пронајдени и во други делови на протеинот, не само во јадрата за врзување на металот, туку и во многу други протеини кои не беа земени предвид во нашата студија. Нашите наоди сугерираат дека ремоделирањето на овие мали градежни блокови можеби имало еден или мал број на заеднички предци и довело до цела низа протеини и нивните функции кои се моментално достапни – односно живот каков што го знаеме – вели професорката Бромберг.

Таа додава деке имаат многу малку информации за тоа како настанал животот на нашата планета, и дека нивната работа придонесува за разјаснување на тоа прашање. Исто така кажува дека нивното истражување се фокусира на дешифрирање на ДНК на молекуларната машинерија на животот.

– Ова објаснување може потенцијално да придонесе и за нашата потрага по живот на други планети и планетарни тела. Нашето откритие за специфични структурни градежни блокови е исто така веројатно релевантно за напорите на синтетичката биологија, каде што научниците имаат за цел да реконструираат специфично активни протеини – објаснува Бромберг.


Како настанал животот на Земјата

Абиогенезата или „теоријата на самоконцепција“ е научна хипотеза за потеклото на живиот свет од неживата материја. Се смета дека процесот на абиогенеза на Земјата се случилпред 3,8 до 4,1 милијарди години. Проучувањето на абиогенезата вклучува геофизичко, биолошко и хемиско знаење. Голем дел од истражувањето се заснова на истражување на една од клучните карактеристики на живиот свет – саморепродукцијата на молекулите и нивните компоненти.