Октоподите доаѓаат од вселената – велат група научниците кои објавија статијата „Причината за камбриската експлозија – земска или космичка?“ во списанието „Прогрес во биофизиката и молекуларната биологија“, во која се истражува потеклото на животот на земјата, пишува на веб-страницата за научна технологија „БГР“.

Во написот се наведува дека животот на Земјата започнал благодарение на дождот од ретровируси кои буквално паднале врз неа од вселената. Овие ретровируси воведоа нови секвенци на деоксирибонуклеинска киселина (ДНК) во геномите на Земјата, што ги наведе научниците да проучуваат дополнителни генетски мутации.

Научниците тврдат дека некои цефалоподи, како октоподи и лигњи, на Земјата дошле со паѓање на неа – замрзнати од вселената.

– Не може да се исклучи можноста замрзнатите јајца од лигњи и октоподи да пристигнале во ледени болиди пред стотици милиони години – се вели во написот.

Авторите на статијата велат дека октоподите и другите суштества уживаат биолошки карактеристики кои потекнуваат од „некој вид на поранешен живот“. Тезата дека животот започнал на друго место, а не на Земјата, не е нова.

Доктор Стивен Флејшфресер, австралиски предавач и писател, истакнал дека за сеприсутноста на семето на животот во вселената се зборува уште од античко време. Германскиот физичар и лекар Херман Лудвиг Фердинанд фон Хелмхолц во 19 век тврдел дека животот од небесните тела се пренесува на Земјата со метеорити.

Кит Баверсток, научник од Универзитетот во Источна Финска, ја разгледал статијата „Причината за камбриската експлозија – земска или космичка?“ па во својата рецензија напишал дека има многу докази кои ја прават прифатлива тезата дека октоподите се вонземјани, додавајќи дека сепак науката не напредува на тој начин.