Вежбањето е секојдневна потреба на современиот човек, премногу седиме, и на работа и дома, па затоа тоа е начин да се остане во форма. Но во исто време можеме да предизвикаме значителни проблеми по нашиот имунитет и здравје ако не внимаваме какви вежби правиме.
Истражувањата покажаа дека умерените до интензивни тренинзи, кои траат нешто помалку од 60 минути, се идеални за зајакнување на имунитетот. Други истражувања, пак, сугерираат дека имунитетот е ослабен ако постојано седите и не сте активни. Затоа, доколку сакате силен имунитет, бидете одлучни и истрајни со тренинзите.
Важно е да не се претера за време на тренингот. Можеби ви звучи привлечно да се присилувате да вежбате колку што можете напорно и интензивно, но умереноста е суштински аспект на тренингот. Премногу вежбање и напор всушност може да го ослабат имунитетот.
Премногу форсирање за време на тренингот може да доведе до хроничен замор, послаби перформанси и послаб имунитет. Тоа значи дека ризикот од респираторни инфекции е поголем – вели д-р Дејвид Ниман.
Тој додава дека тренингот треба да трае помалку од 90 минути, само со кратки интервали на многу интензивни вежби. Покрај тоа, на телото треба да му се даде доволно време да закрепне помеѓу два тренинга, пишува „Ит дис“.