Здрава храна

Постои ли некој што не го сака вкусот на мелено мускатно оревче со топло чоколадо или со кафе? Иако овој зачин најчесто се споменува за време на прославите на Бадник и Божиќ, некои истражувања покажуваат дека може да го подобри вашето расположение и да ви помогне во борбата против депресијата.
Во истражувањето објавено во „Авицена журнал одфитомеицин“ е откриено дека токму мускатното оревче им го подобрило расположението на испитаниците и покажало антидепресивни својства, слични на оние што ги имаат таблетите за лекување депресија.
Научниците веруваат дека мускатното оревче дејствува како природен антиоксидант, односно го намалува бројот на слободните радикали и ги враќа невротрансмитерите (хормоните во нашиот мозок) во рамнотежа.
Мускатното оревче дејствува исто како традиционалните лекови против депресија, но, за разлика од нив, не предизвикува штетни ефекти.
Има повеќе начини како мускатното оревче да го вклучите во својата исхрана. Можете да го додадете во кафе, да го помешате со бадеми или со коксово млеко или едноставно да ги вклучите во вашите рецепти за колачиња или супи.