Медиумскиот магнат Руперт Мардок (91), по шест години брак, се разведува од поранешната манекенка Џери Хол, која е 26 години помлада од него, објави „Њујорк тајмс“.
Тие се венчаа 2016 година во Лондон, по пет месеци врска. Венчавката се случи по две години откако Мардок се разведе од бизнисменката Венди Денг. Набргу милијардерот напиша на Твитер дека е најсреќниот човек на светот.
За Мардок тоа беше четврти брачна заедница, а Хол претходно не била во брак. Таа беше во 22-годишна врска со Мик Џегер, со кого има четири деца, додека Мардок од претходните бракови има шест деца.