„Враќање дома“ е насловена новата песна на Мијата. Музика е на Александар Пешевски, текстот го напиша Весна Малинова, а аранжманот е на Дамир Пух, Наташа Миха и Мијата. Снимањето се одвиваше во „Грин рум саунд студио“, придружните вокали ги пее Наташа Миха, а на мандолина свири Никола Стојмановиќ.
Овој пат, освен како пејачка, Мијата и го режираше својот нов спот, зад чија продукција застанаа Били Д и „Гордан Божиновски енд солушнс“.
Во оваа песна вокално ме дополнува и Теодора Гошева Капсарова, кантавторка и пејачка од помладата генерација. Снимањето на спотот беше прекрасно искуство, поради тоа што скопјани спонтано реагираа на музичкиот камионет што возеше и пееше од Ѓорче Петров до Железара. Сакам да упатам благодарност и до авторскиот тим, кој направи парче музика што многу автентично ме отсликува, и секако до луѓето задолжени за видеопродукцијата, кои ја поддржаа мојата идеја – вели Наташа Крстевска-Мијата за својата нова песна.