Медицински совет

За да го направиме јадењето повкусно и поинакво, често мешаме различни намирници, меѓутоа некои комбинации не се препорачуваат, бидејќи времето и условите потребни за нивно поединечно варење се различни. Лошите комбинации на храна може да предизвикаат и болки во стомакот, чувство на надуеност, гасови, замор.
Две високопротеински намирници: јајца и суво месо (сланина) се популарна комбинација за појадок, но препорачливо е таа да се избегнува, бидејќи и двете намирници се богати со протеини, а тешки за варење. Прво треба да се јадат лесни протеини, а потоа месо.
Цитрусно овошје и млеко: на млекото му е потребно повеќе време да се свари, а ако заедно земате лимон со млеко, тоа се згрутчува. Некои луѓе исто така се нетолерантни на лактоза, а тоа значи дека не можат да ја сварат оваа состојка во млекото.
Млеко и банана: и оваа комбинација е тешка и потребно е доста време да се свари. За да го подобрите варењето, додајте цимет или мелено мускатно оревче.
Сирење со ладен алкохол: колку и да звучи примамливо, оваа комбинација не е добра за вашето здравје, бидејќи може да предизвика непријатност и болки во стомакот.