Освен што е мајка на најбогатиот човек на светот и технолошки магнат Илон Маск, Маја Маск е и позната нутриционистка моделка и ја сметаат за модна икона.
Има 73 години и спаѓа во постари модели, но тоа не ѝ пречи да биде најангажирана меѓу нив, да ги краси насловните страници и да урива табуа. Атрактивна и впечатлива, таа им е вистински моден и животен идол за жените во светот, на кои со својот пример им покажува дека годините навистина се само бројка и дека модата е резервирана за сите. Едно од нејзините последни достигнувања е тоа што во 2017 година стана најстаро заштитно лице на една козметичка куќа и така се запиша во историјата.
Маја е мајка на три деца и вели дека и сега е затрупана со понуди за работа и дека конечно го живее животот за кој сонувала, благодарение на правилата и насоките што ги опишува во книгата „Жена со план – совети за живот полн со убавина, авантури и успех“.
– Јас сум доказ дека и во зрелите години може да се најде работа. Всушност, никогаш не сум работела толку како сега, бидејќи тежок период е зад мене. Поминав низ непријатен развод, сама ги одгледав децата и сега сум посветена на моите планови – вели Маја Маск.
Според неа, успехот е само плод на добра организација.