Поп-кралицата Мадона јавно објави дека сака да се види со папата за да може да разговараат за важни работи. Таа се надева дека папата ќе има време да се состане со неа и напиша дека била добар католик и оти не пцуела.

Мадона не потенцира за што точно сака да зборува со папата, само навести за што би можело да станува збор. Неодамна во шоуто на Џејмс Корден рече дека била екскомуницирана трипати од страна на Католичката црква.

– Дали би било можно да се сретнеме еден ден за да разговараме за некои важни работи? Бев екскомуницирана трипати. Не ми изгледа фер – рече Мадона.
Таа призна дека не се исповедала неколку децении.

Не е јасно дали пејачката и добитничка на „греми“ е сериозна. Сепак, во текот на нејзината кариера Мадона ги искористи контроверзиите што го поттикнаа нејзиното разбирање за теми како што се сексот, истополовите врски и христијанската симболика.

Кога отиде во Италија, во летото 1990 година, како дел од нејзината трета концертна турнеја за промовирање на четвртиот студиски албум „Како молитва“, тогашниот папа Јован Павле Втори ги повика христијаните да не одат на концертите, нарекувајќи ја нејзината турнеја една од најсатанистичките во историјата на човештвото.
Мадона тогаш го навлече гневот на црквата и по нејзиниот настап во Рим во 2006 година, кога беше распната на сцената како дел од нејзиниот настап. Папата Франциск сè уште не одговорил на поканата на Мадона за средбата.