Проверете ја работата на штитната жлезда со топломер

Американскиот ендокринолог Брода Барнс пред 50 години открил дека температурата на нашето тело е добар индикатор за активностите на штитната жлезда. Раководејќи се од ова сознание, тој осмислил тест што се прави веднаш по будењето и за кој ви е потребен само топломер. Овој тест не треба да се прави доколку сте болни или настинати, а жените не треба да го прават за време на менструација.
Еве што треба да се стори: пред спиење добро протресете го топломерот, температурата да дојде до 35 Целзиусови степени. Наредното утро, веднаш по будењето, измерете температура и резултатот запишете го на парче хартија, три дена по ред правете така. Топломерот задолжително треба да го држите 10 минути под пазувите. Нормално температурата треба да биде 36,5 и 36,8 степени, што покажува дека вашата штитна жлезда работи нормално. Aко е пониска од 36,5 степени, тоа значи дека штитната жлезда работи побавно, односно со намален капацитет. Ова е видливо и по симптомите: намалена енергија, депресија, замор, инфекции, главоболка, намалена концентрација, паѓање на косата… Ако температурата е повисока од 36,8 штитната жлезда работи забрзано или имате некаква инфекција во организмот.