Во Светскиот економски форум имаат три совети за лицата што работат од дома, а сакаат да си го зачуваат здравјето. Првиот се однесува на ‘рбетниот столб, бидејќи многумина се принудени долго да седат и да работат на компјутер или на лаптоп. Поради тоа се препорачува седење на удобен стол, екранот да биде во висина на очите, а стапалата рамно да стојат на подот, односно да се седби без да се прекрстат нозете. Исто така, неопходно е на секој час, да станете 5-10 минути, да се истегнете и да не гледате во екранот, за да ги заштитите очите.
Вториот совет е личноста да се буди во периодот во кој се будела кога одела на работа, во канцеларија или на кое било друго работно место. Со тоа се создава можност и за утринско вежбање од пет до десет минути. Тоа ќе биде благотворно за мускулите и ќе поттикне подобра циркулација на крвта.
Третиот совет е вежбање надвор од работното време. Во Светската здравствена организација, на возрасните им препорачуваат вежбање во траење од 30 минути секој ден, а на децата им се советува да вежбаат по еден час дневно.