Новото истражување покажа дека љубителите на црниот хумор имаат поголем коефициент на интелигенција.
Во студијата што ја водела Улрике Вилингер од Медицинскиот универзитет во Виена учествувале 156 лица. Учествувале мажи и жени од различни нивоа на образование, а нивната просечна возраст била 33 години.
На сите им бил даден тест за интелигенција што вклучува вербално и невербално расудување. Исто така, им биле дадени прашања во кои се барало да ги оценат нивното расположение и нивоата на агресија. Тие потоа анализирале сатирични карикатури на уметникот Ули Стајн.
Оние луѓе што претпочитале црн хумор имале високи оценки на тестот за интелигенција. Истражувањето е објавено во научното списание „Когнитив процес“.
– Најзначајниот резултат е дека учесниците што сакаат црн хумор се многу поинтелигентни, имаат повисоко ниво на образование, ретко имаат нарушувања на расположението и знаат како да ја контролираат агресијата – се наведува во извештајот од истражувањето.