Фото: Инстаграм/theroyalfamily

Британската кралица Елизабета планира следниот месец да присуствува на прославите на 70-годишнината на британскиот трон, соопшти денеска Бакингемската палата.
Деведесет и шестгодишната кралица, најдолговечниот британски монарх, во февруари одбележа седум децении од своето владеење, а на почетокот на јуни се одржува четиридневен „платинест јубилеј“.

Кралицата Елизабета е слабо подвижна, поради што повеќето од нејзините неодамна договорени јавни ангажмани се откажани, но Бакингемската палата објави дека кралицата планира да биде на повеќе настани.

Еден од нив е собир на кралското семејство кое им мавта на граѓаните од балконот на палатата.

Но, кралицата одлучи нејзиниот син, принцот Ендру и внукот, принцот Хари, да не бидат таму овојпат.
-По внимателно разгледување, кралицата одлучи дека овогодинашниот традиционален настап на балконот Trooping the Color ќе биде ограничен на нејзиното височество и на оние членови на кралското семејство кои моментално извршуваат официјални јавни должности во име на кралицата-изјави портпаролот на палатата.

Извор од палатата рече дека оние што нема да бидат на балконот „ќе бидат поканети на други настани“.