Иако не е веќе претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ има обожаватели низ светот. На социјалната мрежа Инстаграм ја следат 320.000 луѓе, а има и неколку профили што ги отвориле нејзини обожаватели.
Меѓу нив се истакнува оној под името Kolinda_gk.fan, кој има повеќе од 3.500 следбеници. Но нејасно е кој стои зад него – маж или жена. Освен емотиконите во вид на срце, кои ги има на некои фотографии на Колинда, анонимецот што го отворил профилот во една објава порачува: „Го сакам животот, затоа што мојот живот си ти!“
Овој верен следбеник на бившата претседателка на Хрватска секојдневно објавува нејзини фотографии, кои најверојатно ги презема од вистинските профили на Колинда. Инаку, таа неодамна на Инстаграм постави фотографија од Дубаи, а освен многубројните комплименти и лајкови, таа доби и љубовна порака од еден млад Иранец.