По четири години градење, Кина го отвори својот најдолг подводен тунел досега, кој е дел од автопат. Станува збор за тунелот „Таиху“, долг 10,79 километри, кој се протега под езерото Таиху во источната кинеска провинција Џиангсу. Владини претставници соопштија дека изградбата на тунелот чинела 1,56 милијарда долари, а работата започнала на 9 јануари 2018 година.
Во изградбата на двонасочниот тунел се употребени 2 милиони кубни метри бетон, а должината на неговите шест ленти е 17,45 метри. На таванот на тунелот е поставено ЛЕД-осветлување во бои дизајнирани да го спречат заморот на возачот.
Тунелот е дел од автопатот Чангжу – Вукси, долг 43,9 километри, кој беше отворен на 30 декември минатата година. Овој автопат е алтернатива за патниците што патуваат помеѓу Шангај и Нанџинг. Поврзувајќи ги автопатиштата Суџоу, Вукси и Чангжу, новиот автопат има задача да го намали сообраќајниот притисок врз градовите покрај езерото Таиху и да го промовира урбаниот развој во делтата на реката Јангцекјанг.
Најдолгиот подводен тунел во светот се наоѓа во Норвешка, а тоа е тунелот „Рифаст“, долг 14,2 километри, кој ги поврзува Ставангер и Странд.