Рудар во северна Канада копал во потрага по злато, но нашол нешто неверојатно – мумифициран мамут. Локалните палеонтолози го опишаа пронајдокот како „неверојатно животно од ледената доба“, за кое се смета дека е постаро од 35.000 години.
– Мамутот е совршен, има сурла, мали уши. Се работи за најважното палеонтолошко откритие во Северна Америка – вели Грант Зазула, палеонтолог.
Мамутот на поголемиот дел од телото ги има зачувано кожата и влакната. Познавачите велат дека тој имал околу еден месец кога пцовисал. Долг е околу 140 сантиметри, пишува „Гардијан“.
Геолозите пронашле и парче трева во стомакот на мамутот, што укажува на тоа дека ова младенче последните моменти од животот ги поминало на пасиште.
Неговото тело е добро зачувано, затоа што, најверојатно, малиот мамут останал заробен во мочуриште пред да смрзне.