Нега и убавина

Сите луѓе се здебелуваат на различен начин. Некој има појако торзо, кај друг тоа е долниот дел на телото, но повеќето имаат проблеми со салото околу стомакот. Сите што се обиделе да се ослободат од него, ќе потврдат дека тоа е долг и тежок процес и не постои формула што дејствува кај сите еднакво, бидејќи секое тело има поинаков метаболизам и потрошувачка на калории. Сепак, воведувањето на некои мали промени во животот можат да ви помогнат во тоа. Постојат три совети што се мошне ефективни.
Постење – повремениот пост се однесува на тоа да јадете само во рамките на одреден временски период. Ако тоа се прави исправно, може да помогне во намалување на телесната тежина, бидејќи телото реагира на тој стрес. Тоа, пак, ја подобрува функцијата на хормоните, го олеснува слабеењето и ги согорува маснотиите.
Јаглехидрати – тие се одговорни за тврдоглавите маснотии околу стомакот. За да ослабете, особено околу стомакот, треба да ја ограничите консумацијата на јаглехидратите и да ги замените со бавно согорувачки извори на енергија како киноа и кафен ориз. Исто така треба да се намали или избегнува шеќерот во исхраната.
Интервален тренинг со висок интензитет – тоа подразбира тренинг во кој се менуваат кардиовежбите со краток период на интензивни анаеробни вежби и наизменични паузи за одмор.