Kалининград ќе го урива „закопаниот робот“

228

Зградата споредувана со глава на робот што со децении постои во рускиот град Калининград, би требало да биде срушена следната година, изјавил Антон Алиханов гувернер на регионот, пренесува „Асошијетед прес“.

Зградата од 21 кат што требало да биде „Дом на Советите“ останала недовршена кога прекинало финансирањето во 1985 година, за време на економската криза на Советскиот Сојуз. Зградата, за која подоцна било проценето дека не е солидно конструирана, стана еден од најпознатите места во градот, особено за време на Светското првенство во фудбал во 2018 година, кога навивачката зона во Калининград беше поставена на огромниот плоштад покрај неа.

Испакнатите покриени балкони на зградата кои наликуваат на две очи и уста, придонеле да го добие прекарот „закопаниот робот“.

Регионалниот гувернер Антон Алиханов соопштил дека се очекува уривањето да почне на почетокот на следната година и дека официјалните лица разговараат за можноста парчиња од зградата да бидат достапни како сувенири, објави весникот „Комсомолскаја правда“.

Калининград е административен центар на истоимената руска ексклава, која се наоѓа помеѓу Полска, Литванија и Балтичко Море.