„Тhe Joshua Tree“ на светски познатиот ирски рок-бенд „Ју ту“ е прогласен за најдобар албум на 1980-тите години. Објавен во 1987 година, овој албум го направи „Ју ту“ еден од најголемите светски бендови, благодарение на химнитe како „With Or Without You“ и „Where The Streets Have No Name“.
Слушателите на емисијата „Звуци на 1980-тите“, која се емитува на програмата на Би-би-си радио 2, го избраа овој носач на звук за најдобар аудиозапис на деценијата, во анкетата по повод Националниот ден на албумите, кој беше одбележан во саботата.
На второ место е албумот „Brothers in Arms“ на британските рокери „Дајер стрејтс“, а потоа следува истоимениот првенец на „The Stone Rouses“.
Сите, освен едeн од првите 20, се на мажи уметници, со исклучок на „Hounds of Love“ на Кејт Буш, кој e на 11-то место. Албумите на Мадона, Џенет Џексон, Трејси Чепмен и Грејс Џонс се наоѓаат подолу на листата.