Научниците од Јапонија тврдат дека направиле чекор напред во продолжувањето на животниот век на човекот, откако успешно тестирале вакцина против клетките што придонесуваат за стареењето.
Истражувачите од универзитетот „Јунтендо“ во Токио велат дека тоа го сфатиле по лабораториски тест на глувци. Тие сугерираат дека оваа вакцина може да има позитивен ефект врз здравствените состојби предизвикани од стареењето.
– Можеме да очекуваме дека вакцините ќе се користат против аневризми, дијабетес и други здравствени проблеми предизвикани од стареењето – вели Тору Минамино, професор на универзитетот.
Раководителот на Лабораторијата за проучување на ракот и стареењето на универзитетот „Лестер“, доктор Салвадор Мацип, истакна дека претходните лабораториски тестови на глувци покажале дека е можно да се спречи размножување на клетките на стареењето меѓу 15 и 35 проценти. Меѓутоа, сè уште не е утврдено колку долго ова може да го продолжи животот.
– Ова е многу интересно прашање за кое не постои единствен став. Некои веруваат дека постои „тврда“ граница на животен век, се претпоставува дека тоа е 130 години. Но некои веруваат дека бесмртноста сепак е можно да се оствари – вели Мацип.
Според него, рано е да се заклучи колку долго е можно да се продолжи животот, односно дали е можно да се биде бесмртен. Тој очекува дека конечниот одговор на ова прашање нема да се чека долго, пишува „Еуроњус“.