Јакната што американскиот астронаут Баз Олдрин ја носел за време на неговото патување на Месечината е продадена на аукција за 2,8 милиони долари. Белата јакна на Олдрин е украсена со американското знаме и логото на американската вселенска агенција НАСА, а ја носел за време на мисијата „Аполо 11“ додека летал во командниот модул Колумбија. Ова е еден од 60-те лични предмети што 92-годишниот Олдрин решил да ги продаде, а бил продаден преку аукциската куќа „Сотби“. Јакната стана највредниот американски вселенски артефакт во историјата.
Поранешниот астронаут отпатува на Месечината во 1969 година и е единствениот жив член од тричлениот екипаж. Олдрин поголемиот дел од своето шестдневно патување во вселената го поминал облечен во споменатата јакна, а ја соблекол дури кога морал да облече специјален костим за одење на површината на Месечината. Тој момент го гледаа околу 650 милиони луѓе низ светот. Јакната е изработена од огноотпорен материјал наречен бета-ткаенина, а е обложена со тефлон. Тоа е единственото парче облека од споменатата мисија што некогаш било продадено. Новиот сопственик е купувач што телефонски понудил 2,8 милиони долари.
Вкупната вредност на продадените предмети од личната колекција на Олдрин е 8,2 милиони долари. За планот за летање во вселената и назад, клиентот потрошил 819.000 долари.