Фото: Твитер

Милијардерот Илон Маск го коментираше падот на акциите на стриминг платформата Нетфликс и бројот на претплатници.

Основачот на „Тесла“ го поврза ова со доминацијата на либералната агенда и таканаречената култура на будност (woke-culture). Терминот доаѓа од глаголот „разбуди се“ и нè враќа во 1930-тите, кога афро-американските кругови се обидуваа да се борат против расизмот и социјалната неправда. Во последниве години, поимот стана се повеќе распространет – се однесува на се што е поврзано со левичарската политика, либералните движења, феминизмот, ЛГБТ-активизмот.

-Културата на будност ја прави содржината на Нетфликс негледлива – напиша Маск на Твитер во коментар за падот на акциите.