Борис Цветановски, познат под псевдонимот Рис Флауер, во светскиот етер деновиве го претстави својот нов сингл „Hearts So Cold“, кој со својот специфичен ритам, модерен звук и моќни, енергични вокали е најава за првиот албум што ќе се реализира во 2022 година.
– Во време кога на глобално ниво срцата се насекаде ладни, единствено љубовта е нешто што може да ни даде сила, енергија и топлина. Време е да кажеме громогласно „не“ и да се бориме против негативните влијанија што сѐ почесто секојдневно нѐ опкружуваат. Верувам дека пораката што ја пренесувам преку мојата нова песна ќе допре до луѓето и ќе ги охрабри во овие ладни времиња – вели Цветановски.
Музиката и текстот на новата песна се на Рис Флауер, аранжманот и продукцијата се на Мустафа Чанбазлар, а се снимаше во студиото „Ари“ во Истанбул, Турција. Видеоспотот за оваа нумера го режираше Бруно Велјановски. Со промоцијата на оваа песна, Рис Флауер промовира и прва колекција за облека под името „Флауер“, чија тема се текстовите од песните.