Лиценцираниот финансиски советник Фреди Фајненс објави видео на социјалната мрежа Тик ток и објасни кои три земји ви нудат пари за да се преселите и да живеете таму. Инаку, Фреди предава финансиска писменост и им помага на луѓето да дојдат до приходи. На Тик ток, тој објасни на кој начин Грција, Италија и Швајцарија нудат пари.
Значи прва со оваа практика почнала швајцарската општина Албинен, која нуди 25.000 долари само да се преселите таму и 10.000 долари за секое дете. Единствен услов е да имате под 45 години и гаранција дека ќе се задржите таму најмалку 10 години.
Втора е Сицилија во Италија, најголемиот остров во Средоземно Море. Можноста да живеете таму можете да ја остварите со купување недвижности, а локацијата се нуди за еден долар. Меѓутоа, ќе морате да го реновирате тој простор во висина од 17.800 долари, а пред тоа да вложите 5.900 долари како депозит. И на грчкиот остров Антикитера ќе ви подарат парче земја и ќе примате по 560 долари месечно во наредните три години.
Во коментарите на социјалните мрежи најмногу ги одвраќале луѓето од Сицилија, со образложение дека населението со причина се отселило од таму, бидејќи мафијата го контролира целиот остров.