Пол Макартни го издаде својот 18-ти соло албум „Макартни III“. Албумот беше објавен во петокот и содржи 11 нови песни. Музичко видео за песната „Find My Way“ е во режија на Роман Копола.

Сер Пол Макартни, иконата на поп-рок културата и легендата на „Битлси“, за време на снимањето се пофали со видео во кое се гледа како свири на повеќе инструменти. Новиот албум „Макартни III“ е и последниот од неговата трилогија, што започна со албумот „Макартни“ во 1970 година и продолжи во 1980 година со албумот „Макартни II“.

– Почнав секој ден да свирам инструмент за кој пишував песна и постепено правев нови слоеви, беше многу забавно. Правев музика за себе, а не за некоја цел. Правев работи што сакам да ги правам и не знаев дека тоа ќе заврши како албум – изјавил Макартни во пресрет на издавањето на албумот.