По забраната во САД

Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм во иднина ќе ги отстрануваат објавите на корисниците што нудат пристап до апчиња за абортус, а причината е прекршувањето на правилата што важат за фармацевтските производи.
Откако Врховниот суд на САД го укина правото на абортус, односно пресудата „Ру против Вејд“, корисниците на социјалните мрежи почнаа да споделуваат објави во кои им се нудат да испраќаат апчиња за абортус по пошта на оние што веќе немаат пристап до нив или наскоро ќе им бидат оневозможени.
Меѓутоа, објавите брзо беа отстранувани, а тоа го покажа и тестот на „Асошиејтед прес“, чија објава во која се нудеше испраќање апчиња за абортус по пошта е отстранета за една минута. Слични резултати имаа и други медиуми, како „Д Верџ“, чија објава беше отстранета за две минути.
Продажбата, подарувањето и преносот на оружје и марихуана се исто така забранети со истите правила на компанијата „Мета“, под кои подлежат и фармацевтските производи. Сепак, тестовите на АП поврзани со објавите за испраќање оружје и марихуана не се отстранети, како и објавата на „Д Верџ“ поврзана со испраќање марихуана по пошта.