Украинската пејачка Џамала со песната „1944“ неодамна настапи на шоуто „12 поени за Германија“, каде што беше избран германскиот претставник на „Евровизија 2022“. Џамала во оваа пригода потсетила на страдањата низ кои поминува нејзиниот народ. Таа пеела држејќи го во рака украинското знаме.
Инаку, Џамала во 2016 година, со споменатата песна победи на „Евросонг“, Текстот на песната „1944“ говори за Сталиновата депортација на кримските Татари, а ја изведе на фестивалот како критика на руската анексија на Крим во 2014 година. Се разбира, денес тоа може да се поврзе со агресијата низ која минува Украина во сегашниот миг.
Пејачката била наградена со громогласен аплауз од публиката, а потоа изјавила:
„Во срцето на Европа беснее војна. Посакувам сите заедно да ја запреме оваа агресија“.
Џамала и нејзините деца нашле засолниште во Истанбул, а нејзиниот сопруг останал да помогне во одбраната на Украина.