Празничниот дух е насекаде околу вас. Истиот ќе го почувствувате во вашиот дом, низ градот, на работното место, низ трговските центри, насекаде. Иако сите ги украсуваат своите домови со традиционални божиќни украси, како што се ламбички и венци, треба да ставите и некој нов украс.
Една од работите што можете да ги додадете за време на празниците се перници со божиќен дезен. Затоа при украсувањето на домот потрудете се да додајте барем една или две перници со новогодишни и божиќни мотиви.


Без разлика дали ви доаѓаат гости на празнична забава или сакате да го поттикнете празничното расположение за вашето семејство, новогодишното украсување со традиционални украси е задолжително секоја година.
Идеи за совршено украсена елка или влезна врата можете да најдете на секој чекор, но едни од најголемите површини во домот што копнеат по украси се вашите ѕидови.
Од венци исполнети со бобинки, панделки и светликави траки, до впечатливи украси, декорирањето на вашите ѕидови претставува едноставен начин преку кој ќе го отсликате празничниот дух.


Љубителите на традиционалниот празничен декор најчесто на ѕидот ставаат новогодишни натписи како што е оној на којшто пишува „Merry Christmas“.
Без разлика дали станува збор за дневната соба или за влезната врата, божиќните венци декорирани со бобинки и панделки се вистински погодок.


Како и секојдневните винтиџ украси, така и празничните винтиџ украси даваат посебен шарм. Потрудете се да најдете винтиџ скала која можете да ја украсите со ламбички или со традиционални божиќни украси, или пак побарајте некоја стара санка што ќе ја претворите во новогодишна полица.

Празничен дух на празниот ѕид ќе му дадете ако на него обесите три стилски новогодишни чорапи.
Сите сакаат да имаат вистинска новогодишна елка, но ако живеете во мал простор, тоа веројатно не е најпрактичната опција. Наместо тоа, размислете за осветлена елка направена од сијалички која лесно може да се направи на ѕидот во дневната соба.