Џинс и бела кошула – вечна летна комбинација

212

Нега и убавина

Секое лето носи нови модни хитови, но белата кошула и краткиот џинс се вечна летна комбинација. Овие две парчиња облека, и за мажите и за жените, остануваат есенцијална летна униформа, независно од трендовите.
Функционална и безвременска, пред сѐ пријатна за носење, оваа летна комбинација наоѓа примена во сечиј стил, а може да се носи и во различни пригоди – различно стилизирана.
Токму затоа и останува атрактивна летна варијанта секоја сезона.
Може да ја дополните со впечатлива марама со принт, суптилен накит, а одлично изгледа и во спој со сламен шешир и плетена чанта. Непогрешлив избор и за на плажа и за долги летни прошетки во природа, но и за туристички посети на интересни дестинации, а зошто да не и за вечерно излегување, ако кошулата е свилена и се обујат омилените сандали со малку повисоки потпетици, во склад со мала украсна чантичка.