Американскиот гигант „Дизни“ најави изградба на низа населби во САД, кои ќе бидат поврзани со „специјален бренд за магија“.
Првата населба ќе биде изградена во долината на Коачела во Калифорнија, а целта на компанијата е во овие заедници да се создаде чувство на живеење во одморалишта на „Дизни“.
На проектите заедно со инженерите ќе работи тим од компанијата, кој ќе креира креативен концепт. Плановите почнуваат со реализација, заедно со заедницата Котино во Калифорнија, која ќе понуди низа домови, од цели имоти преку семејни куќи и станови, па до хотели и продавници.
Некои од населбите ќе бидат и шеталишта и оази со големина од 24 хектари, јавен парк на плажа. Жителите ќе можат да станат членови на клубот и да уживаат во спа-програмите, настапите во живо, часовите по готвење и различни семинари.
„Дизни“ сѐ уште не ги објави деталите за бројот на популацијата во Котино и на оние на други локации.