Ако уживате во долгометражните анимирани филмови на „Дизни“, можеби сте забележале дека многу од нив содржат сцени што се многу слични. На пример, ликовите во танцова сцена играат речиси на ист начин во две различни реализации или еден цртан филм користи заднина што неодоливо наликува на заднината од стар цртан филм.
Ќе ви ја кажеме вистината – не, не ви се привидува оваа сличност. Компанијата „Волт Дизни пикчрс“ навистина рециклира анимации од стари креации во нивните долгометражни цртани филмови со децении, а никој не го забележал тоа до неодамна. Како може да се објасни ова, бидејќи милиони луѓе уживаа во цртаните филмови на Дизни сите овие години? Одговорот лежи во менувањето на медиумите за прикажување цртани, но и сите други филмови и серии. Имено, благодарение на напредокот на интернетот и компјутерската технологија, денес е полесно од кога било да се гледаат анимирани филмови на Дизни, но и да се споредуваат сцени од различни достигнувања на ова студио.
Видео од каналот Картун Хенговер на Јутјуб детално го објаснува овој феномен, а попатно прикажува многу од најочигледните примери за рециклирање стари анимации во цртаните филмови на Дизни.
Како што можете да замислите, оваа практика беше воведена за да се намалат трошоците за создавање во тоа време, па дури и денес, на многу скапите долгометражни анимирани филмови. Рециклирањето на старите анимации за новите филмови на Дизни се одвиваше особено во периодот од доцните 60-ти до средината на 80-тите години на минатиот век. Со т.н. ренесанса на Дизни од 1989 до 1999 година, употребата на елементи од старите анимирани филмови во новите продукции беше значително намалена, а со подемот на компјутерската анимација, правилата на играта целосно се променија.