Новата студија што ја спроведе „Некст векеј“, при што ги комбинираше најбарани атракции на социјалната мрежа Тик ток со резултатите од прегледите на сајтот „Трипадвајзер“, ги откри новите светски чуда за оваа година.

1. „Светот на Дизни“, Орландо, САД
Дизниевиот свет е неверојатно популарен и кај децата и кај возрасните, па затоа не изненадува фактот што се наоѓа на оваа листа. Ова е моментално најпопуларната атракција на Тик ток со повеќе од 8,6 милијарди прегледи.

2. „Бурџ калифа“, Дубаи, ОАЕ
Највисоката зграда на целиот свет блеска како светилник преку пустинското небо и во реалниот живот и на мобилните телефони низ светот. Со 1,9 милијарда прегледи, облакодерот е втора најгледана атракција на светот. Генерално Дубаи брзо стана популарна дестинација, особено за младите.

3. Ајфеловата кула, Париз, Франција
Дали можете да се сетите на попозната париска атракција од Ајфеловата кула? Од видеоснимки на романтичната железна градба во сите временски услови, вклучувајќи го и погледот кон небото над Париз од внатрешната структура, Ајфеловата кула се наоѓа на третото место на најомилените атракции во светот на Тик ток, со повеќе од 719 милиони прегледи.

4. „Таџ Махал“, Агра, Индија
Изграден е како раскошен мавзолеј за саканата жена на царот Шах Џахан, кој исто така е погребан тука, „Таџ Махал“ стана една од најпрепознатливите атракции во цела Индија и четврто најпопуларно туристичко место на Тик ток со 377 милиони прегледи.

5. Големиот Кањон, Аризона, САД
Геолошко чудо, кое секоја година го посетуваат илјадници туристи, а некои од нив ова искуство го споделуваат преку Тик ток со светот. Оваа туристичка атракција е на петтото место со 237 милиони прегледи.

6. Булеварот Стрип, Невада, САД
Булеварот Стрип во Лас Вегас, веројатно, е една од најпознатите улици за забава во САД, со силни неонски светла, изобилство забавни содржини и огромен број хотели. Шестата најпопуларна дестинација има над 259 милиони прегледи.

7. „Голден гејт“, Сан Франциско, САД
Мостот „Годен гејт“ (златна порта) е едно од најлегендарните дела на архитектурата на американскиот Западен брег. Без оглед дали се во прашање глетките од мостот осветлен од сонцето или неговите контури во магла, „Голден гејт“ на Тик ток има 118 милиони прегледи.

8. Хуверовата брана, Невада, САД
Со речиси 70 милиони прегледи, Хуверовата брана е осмата најпопуларна атракција на Тик ток. Околу седум милиони луѓе доаѓаат да го видат ова чудо на инженерството секоја година, па затоа се препорачува тука да се дојде во зима, кога времето е поубаво, а метежите помали.

9. Национален парк Јосемити, Калифорнија, САД
Националниот парк Јосемити е фрапантно чудо на природата, кое го заслужува вниманието што го добива на социјалните мрежи, а на Тик ток има 59 милиони прегледи.

10. Стоунхенџ, Солсбери, Велика Британија
На крајот, десеттата најпопуларна атракција во светот на Тик ток е Стоунхенџ, со 52 милиони прегледи. Ова мистериозно парче древна архитектура привлекува огромен број туристи секоја година.