Новогодишната ноќ која го означи почетокот на 2022 година во орбитата околу Земјата за прв пат беше дочекана од десет „Земјани“, седум на Меѓународната вселенска станица и тројца на кинеската вселенска станица „Тиангонг“. Ова беше најмногубројната новогодишна гозба во орбитата во историја на светската астронаутика со човечки екипаж – се вели во соопштението на „Роскосмос“.

Од „Роскосмос“ додаваат дека во изминатите 21 година, 83 луѓе ја дочекале Новата година на Меѓународната вселенска станица, а некои од космонаутите и астронаутите и повеќе од еднаш. Рускиот космонаут Антон Шкаплеров доега прославил четири нови години во орбитата – 2012, 2015, 2018 и 2022 година.

На Меѓународната вселенска станица моментално се космонаутите Антон Шкаплеров и Петар Дубров, астронаутите на НАСА Марк Ванде Хаи, Томас Маршбурн, Раџа Чари, Кајла Барон и астронаутот на ЕСА Матијас Маурер, а на кинеската станица се Џанг Џанг, Ванг Јапинг и Је Гуангфу.