Читањето половина час дневно може да го намали стресот и да ја зголеми силата на мозокот. Оваа навика исто така ја поттикнува креативноста, ги подобрува менталниот фокус и продуктивноста на работа и го збогатува речникот.
Како да читаме повеќе – Најдобро што можете да направите е да се насочите на создавање навика. Едноставно, обидете се да читате по малку секој ден, па дури и само една страница. Исто така, сосема е во ред да престанете да читате некоја книга ако не ви се допаѓа и да почнете да читате нова.
Побарајте дела што ја одразуваат вашата реалност – Иако е убаво да се избега од забрзаното темпо на секојдневието, има моменти кога можеби повеќе ќе сакате да читате книга што ја одразува вашата стварност. На пример, можеби ќе сакате да прочитате љубовен роман, ако сте вљубени или да земете книга за самоусовршување кога ви е потребна дополнителна мотивација. Од друга страна, белетристиката може да ви ја поттикне креативноста.