Најдобриот македонски диџеј и продуцент со светска кариера Галоски, неодамна се претстави со ново издание што има тенденција да ги собори светските топ-листи. Најновиот хит насловен „Casualty“, уште официјално необјавен, веќе имаше поддршка од големи имиња на светската музичка сцена, како што се: Мартин Гарикс, Афроџек, Оливер Хелденс, Сем Фелд, Бинго плеерс и многу други, а веќе е и во топ три највртени ленти на престижната „1.001 траклистс“ на глобално ниво.
„Casualty“ e реализирана во соработка со композиторите и текстописците на годинашната евровизиска песна на Ирска, a е објавена под етикетата на издавачката куќа „Чил јор мајнд“, која веќе има над милион следбеници на дигиталните платформи. Како потсетување, Галоски минатиот месец ја издаде одличната фестивалска лента „Stay focused“, која беше емитувана премиерно на радиото на најголемиот светски фестивал на електронска музика. „Тумороуленд“ за нецел месец веќе ги сруши рекордите на сите дигитални музички платформи и беше поддржана кај најголемите имиња на светската електронска музичка сценa. Изданијата на Галоски важат за наjподдржани и највртени за овој дел од Европа, одобрени од глобалните музички великани како: Дејвид Гета, Тиесто, Стив Аоки, Тими Трампет, Бени Бенаси и многу други.