Брус Спрингстин и неговата група „И стрит бенд“ ќе го одбележат своето враќање на сцената на почетокот на февруари 2023 година, со серија најавени настапи во арената во САД, проследени со настапи на европските стадиони, кои започнуваат на 28 април во Барселона, и втора турнеја во Северна Америка во август.
Планираните европски станици се Барселона, Даблин, Париз, Ферара, Рим, Амстердам, Ландграф, Цирих, Дизелдорф, Гетеборг, Осло, Копенхаген, Хамбург, Виена, Минхен и Монца. Дополнителни градови и датуми за Велика Британија и Белгија ќе бидат објавени подоцна.
Овие датуми во 2023 година ќе ги одбележат првите настапи во живо на Брус Спрингстин и „И стрит бенд“ од крајот на нивната 14-месечна светска турнеја „Д ривер“ во 2016 година.
Турнејата „Д ривер“ беше прогласена за најдобра глобална турнеја во 2016 година од списанијата „Билборд“ и „Полстар“.