Со заработка од неверојатни 590 милиони долари, Брус Спрингстин е прогласен за најплатен музичар во 2021 година. Овој податок го објави магазинот „Ролинг стоун“, истакнувајќи дека познатиот пејач, гитарист, композитор и текстописец поголемиот дел до сумата го заработил со продажба на издавачките права кон крајот на минатата година, а дел заработил настапувајќи на „Бродвеј“, во Њујорк.
Договорот што Брус Спрингстин го постигнал, врз чија основа му е исплатена годишната заработка, наедно е и најголема продажба што еден светски музичар ја имал за својата дискографија. Сега „Сони“ е сопственик на 20 албуми на Брус, а пред него слични договори се постигнати и со Боб Дилан, Блонди и со Дејвид Боуви.
Втор најплатен музичар лани бил Џеј Зи, а на третото место е Пол Сајмон.