Алаа Аљалел е болничар што ги спасува животните во воениот период во Сирија. Тој се грижи за 400 повредени и напуштени мачки во неговото засолниште за напуштени животни во разурнатиот Идлиб.
– Ги сакам животните откога знам за себе. Тоа го наследив од татко ми и дедо ми, кои имаа големо срце за мачките и за животните воопшто. Во моментот тука има околу 400 мачки, плус оние што повремено доаѓаат. Нашите врати се постојано отворени – вели тој.
Аљалел им помага и на ранети кучиња од гранати, ако е потребно ги оперира.
Како болничар, тој во текот на војната спасил многу човечки животи, а кога сфатил дека на животните никој не им помага, отворил засолниште за незгрижени мачки.
– Да се грижиме за животните е наша морална обврска, бидејќи и тие се божји суштества како нас. Нашата вера нѐ повикува да им помагаме, особено на мачките и кучињата, кои ни се пријатели – додава овој хуман Сириец.