Едно од најголемите имиња на електронската „дарј вејв“-сцена, култните „Бој Харшер“, доаѓаат во Скопје. Концерот ќе се одржи во Младинскиот културен ценар на 14 мај, со почеток во 22 часот.
Концертите на американскиот врвен електронски бенд „Бој Харшер“ ги нарекуваат спектакли што не смеат да се пропуштат, затоа што нѐ носат напред во времето…
Истата вечер ќе настапи и пост-индустрискиот музички проект базиран во Чикаго, САД – „ХАЈД“.
Двојката создава композиции-аудиоколажи, користејќи комбинација од сопствени теренски снимки и аудиореференци од поп-културата.
Вечерта ќе продолжи во клубот „Минус еден“ диџеј-сетови на Марчин и Андреас Херц од колективот „БТКРШ“.
Концертот е во организација на „Ротко букс енд мјузик“.