Американскиот бизнис-портал „Блумберг“ и британскиот весник „Индипендент“ ја вброија Виена во листата на најдобри туристички дестинации за оваа година. Според властите на австриската престолнина, „Блумберг“ ја прогласи Виена за единствен европски главен град меѓу 25-те највозбудливи туристички дестинации во светот. Нивните препораки за патување, за кои истакнаа дека се објавуваат еднаш годишно, се меѓу највлијателните во САД.
Пред тоа, онлајн изданието на „Индипендент“ исто така го рангира австрискиот главен град меѓу најдобрите туристички дестинации во светот во 2022 година. Беше оценет како културен центар во Европа. Меѓу најголемите доблести на Виена се нејзината богата култура и добрата инфраструктура.
Како што е наведено, Виена ги освои уредниците на „Блумберг“ со иновативните хотели што комбинираат историски шарм со модерни аспекти и разновидна културна понуда и кулинарско богатство. Слична е и оцената на „Индипендент“, кој, покрај кулинарското и културно-историското наследство, посебен акцент става и на новата климатски прифатлива ноќна железничка линија до Париз.