Градскиот совет на Бирмингем во Велика Британија почна со рециклирање на новогодишни елки, претворајќи ги отфрлените дрвја во обновлива електрична енергија.

Бесплатната услуга ќе биде достапна до 31 јануари, пренесува порталот „Биоенерџи њуз“.

Сите собрани дрвја ќе бидат задржани за производство на енергија од биомаса.

– Задоволни сме што можеме да ја понудиме нашата бесплатна услуга за одговорно отстранување на несаканите новогодишни елки. Не е најлесно да се ослободите од нив, затоа им даваме на луѓето едноставна опција наместо да ги фрлаат да ги рециклираат – рече советникот Џон О’Ши, член на Кабинетот за улични паркови во Градскиот совет на Бирмингем.

Местата за складирање на новогодишни елки може да се најдат во градските паркови и се отворени од 9 до 16 часот.