Откако минатата година беше обележана со бизарната корејска серија „Игра со лигни“, нејзиниот автор сега најави нов проект, а судејќи според она што го навести, се чини дека „црвено светло, зелено светло“ беше само детска игра.
Имено, Хванг Донг-Хјук прифати нов, уште побрутален проект, а се работи за филмот „Клуб за убивање стари луѓе“, според романот на легендарниот италијански писател Умберто Еко.
Според тоа, ако мислевте дека е ужасно да гледате како џиновска кукла ладнокрвно убива луѓе, вистинската авантура, вели тој, допрва доаѓа.
– Ќе има повеќе насилство отколку во „Игра со лигни“ – вели Донг-Хјук, кој веќе започна со новиот проект и досега има напишано 25 страници од сценариото.
Иако таква каква што е, серијата „Игра со лигни“ ги освои гледачите низ светот. „Нетфликс“ ја прогласи за најдобра и најпопуларна оригинална серија на сите времиња, но целокупната повратна информација за неа е дека е полна со „прекумерно насилство“. Покрај новиот проект, Хванг ја најави и втората сезона од споменатата серија, чиј датум сѐ уште не е познат, но се верува дека ќе излезе во 2024 година.
– Имаше толку многу реакции, притисок и побарувачка околу втората сезона. Не чувствувам дека ни оставате избор. Но ќе кажам дека втората сезона сигурно ќе се случи. Моментно сум во процес на планирање – изјави креаторот, додавајќи дека ќе имаме можност да го гледаме главниот лик од првата сезона Сеонг Ги-хум, кој е и добитник на „златен глобус“.