Се очекува возилата од марката „волга“ и „победа“ повторно да почнат да се произведуваат во Русија. Тоа го објави министерот за трговија Денис Мантуров.
Руската влада бара варијанти за поддршка на производството на автомобили во земјата. Таа веќе започна производство на некои до своите класични автомобили. Периодов се разгледува и големото зголемување на цените на автомобилите во и надвор од земјата. Големите автомобилски компании ја запреа својата дејност во земјата.
Исто така, објавено е дека руската влада го поздравува возобновеното производство на возилата од марката „москвич“.