Американските експерти тврдат дека студентките што се на размена во САД паѓаат во депресија кога ќе видат колку бујни гради имаат Американките. Иако не ги споменуваат дебелината и силиконите, евидентно е дека токму тоа придонесе жените во оваа држава да доминираат на ова поле.
Според неодамнешните статистики на „Ворлд популејшн ревју“, жените во САД имаат најголеми природни гради во светот и во просек носат Ц-градници. Веднаш зад нив се Британките, кои првото место го загубија со минимална разлика, а во првите пет на оваа листа се: Венецуела, Колумбија и Шведска.
Според анкетата од 2016 година, четвртина бели Американки имаат гради што тежат во просек 5,7 килограми, објави „Сан“.
Најмали гради во светот имаат државјанките на Швајцарија. Иако оваа држава е позната по млечните производи, часовниците, чоколадите и високиот стандард, по сѐ изгледа силиконите не се омилени кај Швајцарките. Второто место, за многумина неверојатно, ѝ припадна на Босна и Херцеговина, на третото место е Австралија, четврта е Грузија, а петта Канада.
Според податоците од 2019 година, кои ги објави „Хелтлајн“, просечната големина на градите драматично се разликува од земја до земја.