Фото: Ајфелова кула (пиксабеј)

Ајфеловата кула денес „порасна“ за шест метри откако нова дигитална радио антена беше прикачена на врвот на најпознатиот споменик во Париз, пренесува „Ројтерс“.

Кулата, изградена од Густав Ајфел кон крајот на 19-та век, сега е висока 330 метри, откако дигиталната аудио антена била подигната со хеликоптер и поставена на врвот.

За време на изградбата, Ајфеловата кула го надмина споменикот на Вашингтон и стана највисоката вештачка градба во светот, а таа титула ја држеше четири децении, се додека зградата „Крајслер“ во Њујорк не беше подигната во 1929 година.

Според веб-страницата „Трипадвајзер“ кулата од ковано железо е меѓу најпосетуваните туристички места во светот.

Сепак, овој споменик се користи како радио и телевизиски предавател повеќе од 100 години, при што висината на неговиот врв се менува неколку пати како што се обновуваат застарените антени. Поставувањето нова антена траело помалку од 10 минути.