Главниот град на Холандија има повеќе од 100 километри канали. Со оглед на овој факт, Амстердам често се споредува со најпознатиот каналски град, Венеција, и се нарекува Венеција на Северот

Низ историјата, на многу големи европски градови им се дадени инспиративни прекари. Дали некогаш сте се запрашале како ги добиле своите прекари?

Њујорк – Големото Јаболко

Иако се сметаше дека овој прекар потекнува во далечно минатото, неодамнешните истражувања покажаа дека Големото Јаболко е заслуга на писателот Едвард Мартин, кој го спомнал сегашниот прекар на градот во книгата „Патникот на Њујорк“. Њујорчани честопати жителите на другите градови ги нарекувале расипани јаболка, сметајќи ги арогантни и алчни.

Лондон – Стариот Чад

Лондон отсекогаш било зачадено место, но големиот смог од 1952 година целосно го оправдува ова име. Пет последователни дена енормно го загадуваа воздухот до тој степен што уби повеќе од четири илјади луѓе!

Париз – Градот на Љубовта

Раскошно осветлената Ајфелова кула со романтичната атмосфера што ја создава е во голема мера одговорна за овој прекар. Но треба да се додаде дека Париз беше првиот европски град што започна да го користи јавното осветлување што го облагороди градот.

Сингапур – Лавовски Град

Зборот Сингапур од англиски буквално се преведува како „лавовски град“. Основачот на градот, сер Стемфорд Рефлс, објасни дека го избрал ова име откако видел „мерил“ (мешавина од лав и сирена). Легендата е интересна, иако во Сингапур никогаш немало лавови или сирени.

Букурешт – Мал Париз

Букурешт, главниот град на Романија, е основан во 1459 година, поради што е една од најмладите европски метрополи. Основана е од познатиот Влад Цепес, попознат како гроф Дракула. Поради својата архитектура, која потсетува на францускиот Париз, Букурешт го носи ласкавиот епитет Мал Париз. Ова е град на паркови, големи авении и прекрасна архитектура изградена претежно од француски и италијански архитекти, а има дури и своја Триумфална порта. Амстердам – Венеција на Северот
Главниот град на Холандија пресекува повеќе од 100 километри канали. Со оглед на овој факт, Амстердам често се споредува со најпознатиот каналски град, Венеција. Иако тоа е единственото заедничко нешто, очигледно било доволно за прекар.

Лас Вегас – Град на Гревот

Градот настанал на средината на пустината Невада и денес е најпознат по големиот број казина, каде што малку луѓе заработуваат, а повеќето губат пари. Тука се наоѓаат сите пороци, па Лас Вегас совршено го оправдува својот прекар.

Ерусалим – Светиот Град

Посебно објаснување веројатно не е ни потребно. Ерусалим има големо значење и светост за сите три големи религии: христијанството, јудаизмот и исламот. Некои од најсветите места од сите три религии може да се најдат во овој град, а заедничко за нив е Храмска Гора.

Филаделфија – Град на Братска Љубов

Основачот на градот, Вилијам Пен, сакал да воспостави место каде што секој ќе може да живее во љубов и хармонија. Затоа тој комбинирал два збора на старогрчки – „филос“, кој значи „љубов“, и „аделфос“, кој ги преведуваме како „брат“. Така Филаделфија стана и остана Град на Братска Љубов.