Новата божикна песна на „AББА“, „Little Things“, сега е достапна како сингл на цеде. Шведскиот култен бенд објави музички спот за песната.

Во него ученици разговараат за технологијата за претстојниот концерт во Лондон во 2022 година. Оваа технологија се користи за снимање на движењата на членовите на бендот и нивно претворање во дигитални реплики, кои ќе може да се видат на сцената во Лондон.

Учениците ја претвораат својата училница во продукциска канцеларија за да може сето тоа сами да го изведат и сами да создаваат музика. Крајниот резултат ќе биде божиќно шоу на „АББА“.

„Little Things“ е првата божиќна песна на шведската супергрупа – ваква песна веќе долго време беше желба на нивните обожаватели. „Јуниверзал мјузик“ соопшти дека целиот приход од продажбата на цедето ќе оди во Фондот на УНИЦЕФ за заштита на децата.