Aлиша Кис ќе биде домаќинка на наградите „греми“ в година

23

Алиша Кис ќе биде домаќинка на церемонијата на доделување на наградите „греми“ во 2020 година, по нејзиното моќно искуство како домаќинка на шоуто оваа година. Пејачката досега во својата кариера има освоено 15 статуетки „греми“. А сега Алиша Кис ќе направи историја на „греми“, со тоа што ќе стане првата жена уметник што била домаќин на шоуто на годишни музички награди повеќе од еднаш.

Американската „Рекординг академија“ (составена од музичари, продуценти и други музички професионалци), која ги доделува наградите „греми“за достигнувања во музичката индустрија, објави дека 38-годишната Кис повторно ќе биде домаќинка на 62-то издание „Греми авардс“ во 2020 година.

Таа првпат беше домаќинка на шоуто минатиот февруари.
– Мислев дека минатата година беше еднократна работа, но кога се појави нова можност, немаше никакво двоумење да се вратам како домаќинка. Минатата година беше моќно искуство за мене. Не само што ја чувствував љубовта во самата просторија туку и од целиот свет, и тоа ја потврди исцелителната и обединувачка моќ на музиката – изјави Алиша Кис.