Историскиот филм „1917“ ја освои британската награда „БАФТА“ за најдобар филм и најдобра режија, а Рене Зелвегер и Хоакин Феникс се меѓу актерите кои добија награда на 73 издание на Британската академија за филмска и телевизиска уметност.

Филмот „1917“, кој го следи патот на британските војници во Првата светска војна, освои „БАФТА“ за најдобар филм, a режисерот Сем Мендес за најдобар режисер.

Приказната за Првата светска војна веќе освои две награди „Златен глобус“ и е номинирана за „оскарите“.

Американскиот актер Хоакин Феникс освои „БАФТА“ за најдобар актер за неговото толкување на филмот „Џокер“.

Овој 45-годишен американски актер ќе се натпреварува и за „оскар“ во улогата на Џокер, а со освојувањето на „БАФТА“ тој победи во конкуренција на Леонардо ди Каприо за улогата во „Беше еднаш … во Холивуд“, Адам Драјвер во „Брачна приказна“, Џонатан Прајс во „Џокер“ и Тарон Егертон во „Рокетмен“.