Џулија Робертс и Џорџ Клуни ќе глумат во новата романтична комедија „Билет за рајот“, која повторно ќе ги обедини ѕвездите на „Единаесеттемина на Оушн“ кои се и долгогодишни пријатели. Филмот ќе го режира Ол Паркер, а снимањето треба да започне на крај на годината.

Клуни и Робертс ќе играат разведена двојка, која патува на Бали за да ја спречи да ја спречат нивната ќерка да не ја направи истата грешка што мислат дека тие направиле пред 25 години. Последен пат двајцата оскаровци глумеле заедно во трилерот „Финансиско чудовиште“ од 2016 година.